понеделник, 16 ноември 2026
Најново

Дознајте кој е новиот хороскопски знак

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Ако сте верен читател на хороскопските предвидувања бидете подготвени за неочекуван новитет. Имено, ако сте родени помеѓу 29 ноември и  17 декември – вие сте Змијоносец.Овој знак е сместен помеѓу Скорпија и Стрелец.

 

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

 

Астрономот Парке Канкл вели дека констелацијата на планетите и промената на положбата на Земјата, довела до измена на системот на хороскопски знаци, пренесува “Хуфингтон Пост”.

 

Наводно, датумите кои ги одредуваат знаковите се погрешни, бидејќи положбата на планетите и соѕвездијата, од времето на појавувањето на астрологијата до сега значително се има променето.

 

Бидејќи поделбата на 12 хороскопски знакови е направена од пред 3000 години, Канкл вели дека е потребно да се земат предвид овие промени и во системот да се вброи тринаесеттиот знак – Змијоносец (Ophiuchus).

 

Бидејќи воведувањето на новиот знак го променува целиот систем, можеби би било добро одново да проверите кој знак сте:

 

Јарец: 20 јануари- 16 февруари
Водолија: 16 февруари- 11 март
Риби: 11 март- 18 април
Овен: 18 април- 13 мај
Бик: 13 мај- 21 јуни
Близнаци: 21 јуни- 20 јули
Рак: 20 јули- 10 август
Лав: 10 август- 16 септември
Девица: 16 септември- 30 октомври
Вага: 30 октомври- 23 ноември
Скорпија: 23 ноември- 29 ноември
Змијоносец: 29 ноември- 17 декември
Стрелец: 17 декември- 20 јануари

Поврзани вести