Се урна кран во Њујорк, седум повредени

Седум луѓе се повредени кога ноќта меѓу среда и четврток се урна градежен кран во центарот на Њујорк.

Тројца од повредените се извлечени и освен фрактури немаат потешки повреди кои би можеле животно да ги загрозат, велат спасувачите.

Кран висок 30 метри, поставен минатиот викенд, се урна ненадејно и ја пресече конструкцијата на зградата во изградба „како што врел нож сече путер“, изјави еден од работниците.
Градежните кранови станаа причина за загриженост во Њујорк од 2008 година, кога за само два месеца, два големи крана се урнаа во Менхетен, усмртувајќи девет луѓе.

Пронајдете не на следниве мрежи: