Грците крадат дрва за да се стоплат

Во 2012 година од страна на грчките власти биле запленети 13.000 тони илегално пресечени дрвја, бидејќи Грците масовно почнале да сечат шуми за успеат да ги загреат своите домови во време на растот на цените на нафтата за домаќинство. „Во 2012 година властите запленија 13.088 тони илегално пресечени дрва, 425 возила со кои се транспортирани дрвата и 426 алати за сечење“ – стои во соопштението од Министерството за екологија во Атина.

Минатата година се поднесени вкупно 3.105 жалби заради илегално сечење на шуми, пред се во северниот дел на државата. Со цел да ја наполнат дрќавната каса, грчките власти ги усогласија акцизите на нафтата за домаќинство со акцизите за бензин што е уште еден удар за домаќинствата кои веќе трета година се под мерки за штедење.
Заради големата криза и високите цени на енергенсите, доста е зголемен бројот на грчко население кое се грее на дрвја.

Пронајдете не на следниве мрежи: