Мајка отрула дете

Аманда Соренсен (21) од Америка е задржана во притвор под сомнение дека казнувала двегодишно девојче со тоа што му давала да јаде чили во прав. Детето во болница е прогласено мртво.

 Полицијата во Јужна Калифорнија уапси жена, откако во нејзино присуство 2 годишната ќерка на нејзиниот партнер претрпела напад откако почнала да јаде чили.

Аманда Соренсен од Апл Валеј е задржана во притвор, откако властите потврдиле дека Соренсен е уапсена под сомнение за злоставување на детето со смртни последици. Според истражувања, кај малите деца можно е да дојде до прекин на дишењето доколку проголтаат чили.

Полицијата изјавила дека истрагата се уште е во тек, а точната причина за смртта ќе се знае по обдукцијата. Позивот до полицијата стигнал во недела попладне по локално време, а името на детето се уште не е објавено.

Соседите на семејството за NBC – Сан Диего, изјавиле дека не приметиле ништо необично околу куќата, само виделе неколку деца и тинејџери како влагаат и излагаат од домот.

Соренсон е во притвор со кауција од 500.000 долари, а првото рочиште на судот е закажано за среда.

Пронајдете не на следниве мрежи: