Ќерката на Вилијам и Кејт ќе биде принцеза

Британската кралица Елизабета Втора објави во четвртокот дека доколку принцот Вилијам и неговата бремена сопруга Кетрин Мидлтон добијат девојче, таа официјално ќе ја носи титулата принцеза, менувајќи го така правилото воведено пред сто години.Според одлуката на британскиот крал Џорџ Петти од декември 1917 година, само најстариот син на војводата и војвотката од Кембриџ, односно принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт, којашто би требало да се породи кон средината на 2013 година, би можел да се нарекува принц, додека девојчето би ја носело титулата „лејди” и не би била ословувана со „кралска висост”.

 

Меѓутоа кралицата Елизабета Втора издаде издаде ткн „Letters Patent”, што всушност претставува една форма на кралска објава, кој го менува спомнатото правило така што сите деца на Вилијам , чијшто татко е принцот престолонаследник Чарлс, треба да бидат третирани на ист начин.

Промената беше очекувана откако Велика Британија и уште другите 15-држави членки на Комонвелтот се усогласија околу промената на правилата за наследување, така што машките наследници повеќе немаат приоритет при правото на престолот.

Обликот „Letters Patent” овозможува на кралот или кралицата да направата промени или да донесат одлука за нечија титула или официјален статус без одобрување на парламентот.

Кралицата Елизабета Втора ова правило го искористи доделувајќи ја титулата војвода од Кембриџ на принцот Вилијам кога се ожени со Кејт во април 2011 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: