Раководителот со археолошките ископувања и директор на Одделот за археологија на Факултетот за наука и книжевност на Универзитетот Билечик Сејх Едабали , професорот Туран Ефе за турската новинска агенција Anadolu, рече дека со ископувањето на локалитетот Кулоба е започнато во 1986 година, како и дека овој брег е избран меѓу другите 250 други во регионот.
„Тумбата (ридот) е висок десет метри, а неговите димензии се 150 на 250 метри. Датира од времето меѓу 3.500-та и 1900-та година пред новата ера, од доцниот бакарен и раниот бронзен период“, изјавил Ефе.
Ископувањата во 2012 година биел вршени во периодот меѓу 10-ти и 23-ти август, што било дојдено до значајни откритија.
„Откривме дека во горниот дел од ридот се наоѓал град, а во долниот дел биле сместени куќи и работилници. Тоа е многу значајно откритие кога станува збор за урбанистичкото уредување во регионот. Повеќето садови и грниња припаѓаат на втората половина од раниот бронзен период. Дојдовме и до други остатоци коишто припаѓаат на периодот којшто го именувавме како Средна бронзена ера. Едно од најзначајните пронајдоци е оловната фигурина. Пред година-две, во ископувањето го најдовме калапот за фигурката, а годинава успеавме да ја пронајдеме и неа. На неа се прикажани мајка и ќерка како трудници. Оваа фигурина е според потеклото од северна Сирија, а направена е во анадолски стил. Ова е сигурен показател дека фигурката дошла во западна Анадолија кога се интензивирале трговските односи и културолошките влијанија од Месопотамија“, додава професорот д-р Ефе.
Пронајдете не на следниве мрежи: