Ако има нешто што е поврзано со жените, а за кое мажите цел живот се прашуваат, тоа дефинитвно е како да го кажат она што жената сака да го слушне. Верувајте, никогаш нема да згрешите ако се одлучите да и дадете комплимент. Еве кои шест комплименти секогаш успеваат да го задржат нејзиното внимание:
1.Кажете и дека е вистинската жена за вас. Така ќе и дадете до знаење дека не сте женкар и тоа ќе биде вашето моќно оружје за одржување на врската.
2.Кажете и дека е добра во кревет и таа ќе се чувствува посебно и уште повеќе ќе се труди да ве задоволи.
3.Повеќето жени сакаат да бидат мајки еден ден. Комплиментот дека би била одлична мајка е нешто што секоја жена сака да го слушне.
4.Секогаш прашувајте ја за мислење. Без разлика дали купувате автомобил или се двоумите што да облечете на работа.
5.Покажете и дека не сте со неа само заради нејзиното тело и изглед. Комплиментот дека таа е ваш најдобар пријател секогаш успева.
6.Најважната реченица која не смеете да ја заборавите е да и повторите колку многу ја сакате.
Пронајдете не на следниве мрежи: