На првото електронско наддавање по преземањето на надлежностите за управување со градежно земјиште, Општина Гостивар ја продаде првата градежна парцела ГП бр.17/10-4 со површина 1888 м2, од кои 500 м2 градежна површина во седум ката, продажната цена за метар квадратен достигна 7.000 денари, што е за 3,5 пати повисока од почетната цена од 2.000 денари.
„Благодарение на коректноста, конзистентноста и непокорувањето пред разни притисоци кои биле карактеристика при купопродажба на земјиште, беше достигната рекордна цена која е речиси за три ипол пати повисока од цената кога парцелата во близина се продаде по цена од 2.400 денари за метар квадратен, кога надлежностите ги имаше Министерството за транспорт и врски“, истакна градоначалникот Руфи Османи, подвлекувајќи дека од ова Општина Гостивар ќе има извонредна фискална и финансиска полза.
Купопродажбата која ја спроведе Општина Гостивар по преземањето на надлежностите за управување со градежно земјиште, што, како што истакна градоначалникот Османи, претставува уште еден доказ дека Гостивар е „шампион за транспарентност, отчетност и борба против корупцијата“.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: