Борачот Дејан Митров е спортист на годината во Штип

Спортските работници во Штип го прогласија за спортист за 2012 година, борачот Дејан Митров, кому признанието ќе му биде врачено во четврток навечер во хотел-ресторан „Ваго“ со почеток во 20 часот каде ќе се одржи традиционалната манифестација „Избор на спортист на годината 2012“.На манифестацијата ќе бидат доделени медалите и признанијата на најдобрите спортисти во неколку категории, на спортските работници и клубови.

Најдобар во сениорска конкуренција, а со тоа и спортист на годината на град Штип е борачот Дејан Митров. Потоа Димитар Ташков, Дејан Богданов, Емил Павлов, Иван Митров, Сашко Патраклиев, Филип Младеновски, Виктор Зафиров, Марија Анчева, Марјан Зашков, Никола Рилак, Ванчо Наунов, Марија Панова, Александар Давитков и Иван Анакиев.

Во младинска конкуренција за најдобар е прогласен ракометарот Бобан Попов, втор е борачот Саше Арсов, трет е каратистот Горан Иванов, четврта е ракометарката Сара Ампова, петти е Драган Двојаковски (џиу-џицу), шести е Стефан Костов (фудбал) седми боксерот Мартин Стојчевски, осми борачот Димитар Здравков, девета е Тамара Доневска (карате) и на десеттото место е Викторија Михајлова (одбојка).
Во пионерска конкуренција за најдобар е прогласен пингпонгарот Петар Костовски, а како надежни спортисти комисијата ги прогласи: Мартин Стојанов, Трајче Нацев, Бојана Јованова, Кристијан Митев, Моника Ордева, Васе Петров, Стефанија Манева, Јордан Цуцковски и Анастасија Смиљанска.

Во кадетска конкуренција најдобра е Бојана Манева, а за надежни кадети се прогласени: Стефан Никовски, Мартин Велков, Јована Ѓоргиева, Марко Петров, Димитриј Делиџов, Иван Ангелов, Стефан Костов, Мирјана Стојанова и Виктор Атанасов.

Спортски работници на годината се Ристе Шалев од БК „Балканец“, Митко Јанчев од РК „Кожувчанка“, Горан Даскалов од ФК „Брегалница 2008“ и Благој Донев од БК „Баргала“.

Тренери на годината се: Горан Стојанов – тренер во младинска конкуренција, Дејан Величковски – тренер во женска конкуренција и Петар Чурлинов – тренер во сениорска конкуренција. Награди како заслужни спортисти ќе добијат: Павле Тодоров – ракомет, Мијалче Мазаров – футсал, Санде Коцев – борење, Миланчо Черкезов – карате , Михајло Балов и Тодор Кралев – пинг-понг. Спортски клуб на годината е БК „Балканец“.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: