Во експлозиите кои во четвртокот одекнаа во два града во Пакистан загинаа најмалку 33 лица, а ранети се повеќе од стотина, соопштија полициски извори. Во експлозијата во близина на контролен пункт на пограничните војски на градскиот пазар во време на шпицот во градот Квета, загинаа 12 луѓе, а ранети се повеќе од 40, изјави локалниот полициски началник Зубаир Мехмуд.
Одговорноста за нападите ја презема една од локалните милитантни групи. Градот Квета е административен центар на југозападната пакистанска покраина Балучистан, кој е поделен на повеќе исламистички и независни групи коишто често преземаат терористички напади, како од бунтовнички исламистички, така и од меѓуверски побуди.
Според последната информација, цел на нападот била полициска патрола, најмногу настрадани има меѓу продавачите на зеленчук и на носена облека. Меѓу загинатите има и едно дете.
Уште најмалку 21 лице е убиено а повеќе од 60 се ранети во експлозија во Мингора, најголемиот град во северозападната покраина Сват, каде експлозивна направа била поставена на местото каде што се собирале граѓаните за да го слушнат говорот на локалните верски лидер, соопштија полициски извори за локалните медиуми.
„Бројот на смртно настраданите може да биде многу поголем, имајќи предвид дека многу од ранетите се во критична состојба, а постојано ни довезуваат нови ранети“, изјави др Нијаз Мохамад, од болницата „Саиду Шариф“, пренесува Reuters.
Според прелиминарните податоци, како причина за експлозијата во Мингора се наведува експлозија на сад за гас, меѓутоа повеќето очевидци не веруваат во таквото објаснување на полицијата.
„Сите знаеме дека во експлозија на гасна боца не може да загинат толку луѓе, а на местото на коешто одекна експлозијата немаше никаква плинска боца“, рекол Мохамбар Кан, еден од ранетите во експлозијата. Неговото тврдење го потврдил уште еден од ранетите.
Во ова планинско подрачје порано познато како интересна туристичка дестинација, по 2009 година контролата ја презема пакистанската армија, откако од таму ги протера талибанските милитанти коишто ги наметнаа строгите шеријатски прописи што придонесе провинцијата да ја напуштат стотици илјади Пакистанци. Меѓутоа талибаните и натаму повремено преземаат терористички напади во оваа област.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: