Секој 25-ти американски тинејџер имал обид за самоубиство

Секој 25-ти американски тинејџер се обидел да си го одземe животот, а дури секој осми размислувал за тоа, покажало истражувањето спроведено на национално ниво кои опфатило илјади млади Американци. 

Авторите на студија објавена во специјализираниот магазин JAMA Psychiatry, велат дека овие алармантни бројки се совпаѓаат со податоците коишто претходно веќе се утврдени за возрасните Американци, што укажува на фактот дека тинејџерските години се особено ранливи.

„Возрасните велат дека најризичниот период во кој првпат почнува да се размислува за самоубиство е тинејџерската возраст“, вели Метју Нок, психолог до универзитетот Харвард кој работел на студијата.

Резултатите се добиени преку анкета извршена меѓу 6.500 млади лица во САД и прашалникот што го пополнувале нивните родители.
Истражувањето покажало дека околу 12 отсто од младите размислувале за самоубиство, а 4 проценти за тоа направиле планови и уште 4 отсто се обиделе тоа да го сторат.

Психологот Нок тврди дека речиси сите тинејџери кои размислувале за самоубиство, пателе од некој вид ментално попречување вклучувајќи и депресија, манијакално-депресивно пореметување, проблем со вниманието и хиепрактивност или проблеми со дроги и алкохол.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: