Марјан Ѓуров го засили Работнички

Loading...

 

 

Довчерашниот крилен на Фени индустри Марјан Ѓуров е најновото засилување на Работнички. Последните неколку дена тој тренираше со кошаркарите на Работнички, а по успешните преговори со управата на клубот и официјално му се приклучи на тимот од “Градски парк”.

Со ангажирањето на Марјан Ѓуров не се затвора списокот на засилувања на Работнички. Управата на клубот е во потрага по нов центар. Последната недела се шепкулира со името на Синиша Аврамовски како ново можно засилување, но, може да се случи ангажирање на странски кошаркар во борбата под кошевите. 

– Тој е кошаркар кој може да одигра многу важна улога во новиот тим на Работнички кој треба да биде комбинација од искусни, млади и енергични играчи – изјави тренерот на Работнички, Марјан Лазовски.
Во клубот останаа Димитар Мираковски и Јане Петровски, а досега во “Градски парк” пристигнаа Слободан Михајловски, Ненад Зивчевиќ и Александар Димитровски.

loading...
Loading...