Иран тврди дека на самитот на неврзаните не е поканет Хамас

„Исламската Република досега не упати никаква официјална покана за претседателот на владата на Хамас во Газа, Исмаил Ханејех“, изјави Реза Форками, демантирајќи ги претходните најави на портпаролот на челникот на Хамас дека тој добил покана за присуство на самитот на неврзаните во Техеран и дека позитивно ќе одговори на неа.

„На самитот е поканет само претседателот Махмуд Абаз“, додаде Форками во изјавата што во неделата ја пренесуваат светските агенции.

Махмуд Абаз, претседател на палестинската автономија којашто делува во енклавата на Западниот брег и челник на движењето Фатах, во саботата се закани со бојкот на самитот на неврзаните во Техеран, доколку на него присуствува и лидерот на Хамас, што претставува уште една потврда за тензиите што владеат меѓу двете највлијателни палестински движење, што се големо внимание се следи во светот.

Тахер ал-Нуну, портпаролот на хамасовиот челник во петокот изјави дека Иран официјално го повикал Ханијех,на самитот и дека тој ќе одговори во својство на „претседател на владата кој на изборите во 2006 година го избрал палестинскиот народ“, дури и ако Абаз поради тоа го откаже своето заминување за Техеран.

макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: