По долгогодишно боледување во неделата почина 35 годишниот Бојан Димитриевски од Тетово истакнат фудбалер, јави телевизијата Кис. Погребот ќе се изврши денеска со почеток во 13 часот на градските гробишта во Тетово.
Димитриевски својата фудбалска кариера ја започна во фудбалскиот клуб Тетекс од Тетово, а настапуваше и за клубовите Слога Југомагнат и Силекс каде своевремено беше најдобар голгетер и го достигна врвот на својата кариера.
Репрезентативната кариера му беше на дофат, но честите повреди го спречија да игра за репрезентацијата на Македонија.
Само што ја прекина фудбалската кариера, Димитриевски неколку години се бореше со тешка болест, по што почина вчера околу 9 часот. Погребот ќе се изврши утре во 13 часот на градските гробишта во Тетово, а претходно ќе се одржи опело во соборниот храм Свети Кирил и Методиј.
Преземено од МакФакс www.makfax.com.mk / Фото преземено од ТВ КИСС
Пронајдете не на следниве мрежи: