13 години од прашањата кои не заслужија одговор

Вчера беше 13 годишнината од настаните во Струга кога СДСМ го испровоцира револтот на граѓаните со новата територијална поделба и кога на собраните граѓани кои протестираа им испратија единици на полицијата да ги разбијат.Тогаш од полицијата испратена од раководството на СДСМ беа уапсени десетици, а претепани стотици стружани.
Со одлуката за нова територијална поделба кон тогашната струшка општина беа приклучени околните општини и со тоа беше променет етничкиот состав на населението. Ова според многумина беше политичкиот договор кој што тогашниот претседател на СДСМ , Бранко Црвенковски го направи за да добие гласови за престојните претседателски избори на кои се кандидираше.
 
Црвенковски стана Претседател на Република Македонија и ја заврши таа функција после еден мандат, а територијалната поделба од тогаш остана до ден денес.
Познавачите велат дека и сега СДСМ направи слични заткулисни компромиси со албанските партии со цел да создаде парламентарно мнозинство и да формира Влада, но тие компромиси ќе опстанат и после заминувањето на оваа Влада.
Во 2004 година носител на кампањата „Некои прашања не заслужуваат одговор“ беше Радмила Шекеринска, тогашен вице премиер, а Зоран Заев беше пратеник од редовите на СДСМ кога во Собранието се гласаше Законот за територијална поделба со која Кичево, Струга и Скопје ја добија својата форма која ја имаат и сега, а десетина други општини беа укинати.
 
 
Тогаш од полицијата испратена од раководството на СДСМ беа уапсени десетици, а претепани стотици стружани.
Со одлуката за нова

Пронајдете не на следниве мрежи: