13 Работи за депресијата кои треба да ги имате во предвид

Да, навистина е толку тешко, колку што и чувствуваме дека е!
 Се чувствувате ли толку тажно што мислите дека не можете да си помогнете? Постои можност навистина и да не можете! Ако сме знаеле дека нашето променливо расположение, солзите без причина и тагата, не се резултат на нашиот чувствителен карактер, тогаш многу полесно би се носеле со тоа. Не бирате да се чувствувате така, ниту пак го правите тоа за да привлечете нечие внимание, па затоа не мора ни да се правите дека можете да поднесете толку голема болка.
 Вашите пријатели можеби ги користат истите зборови, но всушност немаат поим какво чувство е тоа. Колку пати сте биле во ситуација вашата другарка да каже: ,,Уф, добив 3+, во депресија сум. Ми доаѓа да се убијам”. Работата е во тоа што луѓето несвесно ги користат менталните болести за да го опишат своето лошо и минливо расположение.
 На менталното здравје му треба исто толку помош колку и на телесното. Ако ве боли зглобот, прв совет би бил да посетите доктор, и вие тоа ќе го направите. Од друга страна, ако кажете некому дека сте во депресија, нивни прв совет би бил да се расположите. Тоа е исто како да ви рекле дека зглобот за кратко време ќе престане да ве боли. Луѓето, менталното здравје не го сфаќаат доволно сериозно, така да не сте луд ако побарате помош.

Добрата исхрана не може да ги реши сите ваши проблеми, но не може ни да наштети. Недоволната или лошата исхрана директно не влијаат врз менталното здравје, но доаѓа до поголем број проблеми, а тоа воопшто не го сакаме. Внесувањето на добрите работи во својот живот, но и во телото, е од големо суштинско значење.
 Ако некоја работа моментално ве расположи, не е магична и не може целосно да ве излечи од депресија. Луѓето често се опуштаат со јога или медитација со надеж дека тоа ќе ги извади од мрачните места во кои психички се наоѓаат, но набрзо ќе приметите дека тие повторно се депресивни. Без разлика дали сте со лекарства или ги вложувате сите сили за да бидете позитивни и да имате само добри мисли, работата е во тоа што не можете да излезете од депресијата или пак шансите за тоа се многу мали. Сепак,во војната е важна и најмалата победа.
 Низ глава ќе ви поминуваат мисли кои немаат врска со вистината. Депресијата доаѓа со внатрешниот глас кој ви кажува дека на никого не му е грижа за вас и едноставно не вредите. Тие мисли се невистинити и многу е важно тоа да го знаете.
Лекувајте се со филмови, музика или пак со нешто што мислите дека ќе ви биде од помош. Секој има свој начин со кој се носи со проблемите и важно е тоа да се прифати. 
Многу често се доведуваме во ситуација да се занимаваме со нешто за да не размислуваме за проблемот кој постои, но проблемот на тој начин не исчезнува. На вашиот мозок потребна му е пауза од силната негативна енергија, која вас секојдневно ве истоштува. Само зашто не си допуштате по цел ден да плачете, не значи дека не се носите со проблемот. Опуштете се.
 Ако мислите дека можете на било каков начин да си наштетите, обавезно кажете некому. Понекогаш многу е тешко да се разговара со родителите, а понекогаш мислите дека ни вашите најблиски пријатели не ве разбираат доволно добро. Но обидете се! Тешко е да се објасни како и зошто, но секогаш постојат добри и лоши моменти. Во еден миг ќе се чувствувате подобро, а во друг потполно ќе пребродите. Важно е да се остане позитивен и да не се губи надежта.Се чувствувате ли толку тажно што мислите дека не можете да си помогнете? Постои можност навистина и да не можете! Ако сме знаеле дека нашето проме

Пронајдете не на следниве мрежи: