13 знаци дека си го губите времето во животот и не го признавате тоа

Како дете сакавте кога ќе пораснете да станете пејач/ка, актер/ка, доктор/ка и слично? Ви се оствари ли сонот? Ако е така, ви честитаме. А на тие што се уште имаат проблеми со реализација на своите мечти, еве 13 показатели зошто не ви оди.1.Трошите премногу време на работи кои не треба да ги правите
Видео, игри, реални шоуа, сурфање на интернет, прекумерно јадење, прекумерно пиење, и тера листава понатаму. Преиспитајте се што правите? Дали овие навики ви помагаат во животот? Дали го прават подобар? Ако не, уште денес зафатете се со спроведување на промени.
2.Премногу се жалите
Не ви се допаѓа работното место, колегите, платата? Или можеби некој од дома или од соседството ви оди на нерви? Престанете да се жалите секому, бидејќи така само акумулирате негативна енергија. Разговарајте со луѓето со кои имате недоразбирања и обидетесе да ги промените работите што ве прават несреќни.
3.Не го храните умот
Ако постојано не растете и учите за да се развиете како личност, тогаш стагнирате. Секому во животот му с епотребни предизвици како би се стекнале со нови знаења и искуства, што не прават повозрасни и позрели.

 
4.Премногу негативна самодоверба
Ако си кажете себеси дека сте доволно способни да завршите некои работи, во право сте. Ако си кажете пак дека не сте доволно способни… пак сте во право! Негативната самодоверба многу влијае на вашиот перформанс на сите животни полиња. Ако сакате да успеете, избришете ги солзите и главата горе.
5.Немате инспирации
Немате страст за ништо? Глупости! Секој човек си има нешто што го интересира и исполнува. Ако се уште мислите дека немате страст за нештата, експериментирајте, пробувајте нови работи, нешто сигурно ќе ве привлече.
6.Не ја планирате иднината
Убаво е да се живее за сега, за моментот, но понекогаш мораме да посветиме и малку внимание на утрешнината. Морате да си поставите реални и јасни цели во животот, бидејки на патот кон нив стекнувате многу нови искуства кои може да ви се најдат понатаму во животот. Треба да имете еден свој ГПС систем кој би ве водел до вашата крајна цел без притоа да скршнете од курсот.

 
7.Поминувате премногу време со луѓе кои не ви помагаат да созреете
Лесно е да заглавите во друштво кое не ве прави подобра личност. Можеби одредени моменти со нив се навистина добри и забавни, но ако тие не помагаат во вашиот развој во подобра личност, тогаш имаме проблем. Овие луѓе ви ја одземаат енергијата и ви ги гушат амбициите. Време е за промена на друштвото.
8.Зависни сте од телефонот
Секако дека мобилните и паметните телефони се мошне интересни, но не треба да дозволите тие да станат единствен медиум и начин за комуникација со најблиските. Додека сте во друштво на луѓе, не потонувајте со главата во телефонот. Тоа е знак на непочитување и игнорирање на пријателите и роднините.
9.Трошите пари на работи кои не ви требаат
Пуштете си ги нозете колку што ви е долга чергата. Многу луѓе прават страшни грешки кога трошат огромни суми на пари за работи кои само еднаш ќе ги употребат. Сите познаваме луѓе кои во животот едвај крпат крај со крај, но сакаат да се разлабават кога станува збор за шопинг.

 
10.Не спиете доволно
Колку и да имате, или пак да посакувате динамичен живот, не заборавајте дека квалитетниот сон е многу важен за правилно функционирање на организмот. Хроничната ненаспаност се одразува на многу полиња, особено на работа и во доносите со блиските луѓе.
11.Не водите грижа за вашето тело
Навистина, не е тешко да се јаде здрава храна, во избалансирани количини и оброци, придружени со барем час-два вежби во текот на денот. Ова е добро не само за физичкото, туку и за менталното здравје. Не туку само се излежувајте и гојте со брза храна. Тоа може да предизвика дури и прерана смрт.

 
12.Не ја напуштате вашата комфорт-зона
Морате да го надминете стравот од нови и непознати работи. Навистина е досадно кога одите во еден ресторан постојано да го нарачувате истото јадење, или пак во гардеробата да ви доминира само една боја. Напуштете ја вашата комфорт-зона и пробајте нешто ново. Можеби ве очекува нешто убаво.
13.Живеете живот кој не го сакате
Среќни ли сте? Ако одговорот на ова прашање е не, тогаш морате да направите промени во начинот на живеење. Правете работи кои ве исполнуваат одвнатре, кои ви создаваат убави чувства, кои ве задоволуваат. Насмевнете се, посегне те напред, зачекорете напред. Живејте!1.Трошите премногу време на работи кои не треба да ги правите
Видео, игри, реални шоуа, сурфање на интернет, прекумерно ја

Пронајдете не на следниве мрежи: