Роџер Мур призна дека Крег е најдобриот Џемс Бонд

За минатите генерации, Сер Роџер Мур и до ден денес е најдобриот Џемс Бонд. Но, тој не се согласил со тоа.

Роџер Мур во книгата „Бонд за Бонд“ која сеуште ја пишува нагласил дека Даниел Крег е најдобриот Џемс Бонд до сега. 84-годишниот актер изјавил: „Многу ми се допадна „Казино Ројал“и Даниел Крег. Тој е добар актер, сигурно најдобриот кој го играл Бонд“

Но, тоа е само мислење на Роџер Мур. На вас оставаме да одлучите кој ви е омилениот Џемс Бонд.

Пронајдете не на следниве мрежи: