Двајца Тибетанци се одлучиле за самозапалување во југозападна Кина во знак на протест против репресијата во кинеските тибетски области, објавија во вторникот организациите за заштита на Тибетанците.
Станува збор за двајца многу млади будистички свештеници, 18-годишниот Лобсанг Калсанг и 17-годишниот Дамчоек, кои биле пренесени во болница каде починале од големиот степен изгореници со кои се здобиле. Својот очајнички чин го извршиле во градот Аби во покраината Сечуан, центарот на тибетскиот бунт против кинеските власти.
Непосредно пред самозапалувањето, двајцата монаси извикувале пароли против репресијата над тибетанската култура, извести организацијата Radio Free Asia цитирајќи Тибетанци кои живеат во егзил а кои имаат контакти со своите истомисленици во Кина.
Вкупно 50 лица, повеќето будистички свештеници, преземале демонстративни чинови на самозапалување или се обиделе да го сторат тоа од почетокот на март 2011 година во кинеските области коишто ги населуваат Тибетанците, според податоците на организацијата Free Tibet и International Campaign for Tibet.
Монахот Дамчоек починал како последици од самозапалувањето неколку месеци откако неговата сестра Тензин Чоедон прибегна кон истиот чин.
макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: