Гленда Муриљо Диаз, ќерка на еден од кубанските потпретседатели Марино Мириљо, пребегна во САД и сега живее во Тампа на Флорида, во градот во кој се одржува националната конвенција на Републиканската партија.
Дваесет ичетиригодишната Гленда Муриљо Диаз влегла во САД преку Мексико пред да се насели во Тампа, пишува интернет изданието на дневниот весник кој излегува на шпански јазик El Nuevo Herald.
Во веста не се наведува ниту датумот, ниту мотивите за доброволниот егзил на ќерката на кубанскиот потпретседател Муриљо, задолжен за надзор врз економските реформи коишто ги спроведува комунистичката влада на Куба.
макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: