Клуни главна ѕвезда на женевскиот прием за кампањата на Обама

Актерот Џорџ Клуни во понеделникот во швајцарскиот град Женева беше главната ѕвезда на најголемиот прием на демократите организиран во странство за собирање донации за новата претседателска кампања на Барак Обама.

Холивудската ѕвезда познат и како активист Џорџ Клуни, на приемот во Женева допатува со автомобил од неговата вила на езерото Комо во северна Италија,

„Многу сум горд што сум тука и го поддржувам идниот претседател на САД. Тој заслужува уште четири години за да го заврши она што го започна“, изјави Клуни на вечерата, а присутните ја дочекаа неговата изјава со бурни ракоплескања и реакции.

Најмалку стотина поддржувачи на актуелниот американски претседател од редовите на Демократската партија, во Швајцарија платија по илјада долари за да присуствуваат на настанот, додека 35 донатори платија по 15 илјади долари за гурманска вечера со Џорџ Клуни.

макфакс

 

Пронајдете не на следниве мрежи: