Иран во понеделникот навести дека странските дипломати учесници на самитот на неврзаните кој ќе се одржи седмицава во Техеран, може да ги однесе странските дипломати во обиколка на воената база Парчин за кој Западот смета дека крие некои активност за производство на нуклеарно оружје.
Ваквите обиколки не се вообичаени во текот на меѓународни собири, но „сепак, доколку властите така решат, Иран би можел да биде подготвен да организира таква посета“, изјави заменикот министер за надворешни работи Мохамед Мехди Акунзадек, пренесува студентската иранска новинска агенција Joung Journalist Club.
Во петокот Меѓународната агенција за атомска агенција (IAEA) повторно го повика Иран на нејзините нуклеарни инспектори да им овозможи пристап во базата Парчин.
Иран се домаќин на самитот на Неврзаните кои завршува во петок, потсетува агенцијата Reuters и додава дека евентуалната посета на претставниците на земјите на Неврзаните тешко може да ја смират загриженоста на Западот.
Западот спроведе низа меѓународни санкции за Исламската Република обвинувајќи ја дека под превезот за цивилна нуклеарна програма развива атомско оружје. Техеран, пак, вели дека неговата нуклеарна програма има само цивилни цели, за добивање електрична енергија и во медицински цели.
Агенцијата на Обединетите нации се сомнева дека Иран извел тестирање во Парчин поврзани со развој на нуклеарно оружје, можеби и пред десет години. Врз основа на сателитските снимки, Западот тврди дека Иран последните месеци ги чистел тамошните постројки.
Преземено од Макфакс.
Пронајдете не на следниве мрежи: