Желбата за влез во Европската унија(ЕУ) е сон на секој сериозен политичар во Србија, но не по секоја цена, изјави во понеделник српскиот претседател Томислав Николиќ во разговор со известувачот на Европскиот парламент за Балканот Јелко Кацин.
Во разговорот меѓу Николиќ и Кацин е констатирано дека европскиот пат на Србија претставува приоритет и дека што поскоро треба да се воспостави дијалогот меѓу Белград и Приштина на високо ниво, соопшти во понеделник вечер кабинетот на српскиот претседател.
Николиќ истакна дека постојат недоумници околу толкувањето на она што претходната влада го потпишала и дека неучеството на регионалните конференции и штети само на Србија.
Преземено од Макфакс.
Пронајдете не на следниве мрежи: