Компанијата за нуклеарна енергија Вестингхаус електроникс ќе направи студија за изводливост за инсталирање на дополнителен реактор во бугарската нуклеарна централа Козлодуј.
Според договорот постигнат во понеделник, Вестингхаус студијата ќе ја направи до март, со што ќе се утврди кој од двата понудени одели на реактори треба да се инсталира.
Бугарскиот министер за енергетика Дељан Добрев процени дека инсталацијата ќе чини еден милион евра.
Оваа одлука е донесена неколку месеци откако Бугарија ги отфрли плановите за изградба на новата нуклеарка Белене.
Двете единици што денеска се во употреба во Козлодуј се руските реактори WER-1000, конструирани 1987 и 1991 година.
Преземено од Макфакс.
Пронајдете не на следниве мрежи: