Конетрао го нарекол судијата со погрден збор

Мадрид, 27.08.2012. (Макфакс) – Фудбалерот на Реал Мадрид Фабио Конетрао е исклучен за в реме на неделниот меч против Гетафе, иако не играше ниту секунда. Судијата Мигуел Анхел Перез Ласа му покажа црвен картон додека седеше на клупата.

„Во 88 минута играчот со број 5, Фабио Алехандре Да Силва Коентрао е исклучен од следната причина: ме контактираше во момент кога играта беше запрена и ме навреди со зборовите ’курвин сине’“, напишал судијата во официјалниот извештај.

Реал во второто коло на Примера загуби во гости кај Гетафе со 2:1, а Коентрао очигледно не успеал да ја контролира нервозата.

Преземено од Макфакс.

Пронајдете не на следниве мрежи: