Керол Колет на факултетот за уметности дизајн Central Saint Martins во Лондон, пред десет години го покрена својот колегиум за ткаенините на иднината, а студентите веќе осмислија патики кои се потпираат на науката за протоклетките.
„Ние тежнееме да работиме како во 2050 година“, вели Карол Колет, кој е основач на курсот за текстилот на иднината. „Меѓутоа, за некои студенти, тоа не е доволно – тие сакаат да се експериментираат за до 2080 година и пошироко”, додава.
Како што пишува весникот The Guardian, во проектот на студентот Шејмис Аден, протоклетките претставуваат хемиски капки кои се однесуваат како ткиво од живи клетки, а со помош на оваа нова технологија врвните тркачки патики изгледаат како да се стапнале во праисториска кал.
Еден од проектите, се заснова на „скротени“ биолошки процеси за на одржлив и органски начин да ги произведе нештата. Керол Колет, така, замислува како генетско модифицираното растение на јагодата истовремено произведува овошје и врвки од својот корен, радикален концепт за комбинирање на храната и текстилот во светот во кој ресурсите се намалуваат.
Според Колет, контролата над ДНК ни овозможува контрола врз живото, како што пишуваме на софтвер.
На лондонскиот факултет Central Saint Martins професорите ги поттикнуваат студентите да се вклучат во општествено-политичките трендови и да работат на развивање на сценарија од блиската иднина.
Покрај традиционалните вештини, студентите се вклучени во електронички работилници и работилници за интерактивен дизајн. Во една од таквите работилници, уметникот Барт Вандепат ја истражува фотосинтезата кај растенијата, реплицирајќи го претворањето на енергијата на светлината во електрична енергија со помош на создавање низа соларни клетки кои може да се јадат или ткн e-tapase.
Иако многумина и натаму гледаат на ова како на псевдонаука, светот на индустријата и истражувањата ги поздравуваат ваквите обиди, Така, „Medical Research Council“, „Nissan“ и „VF Corporation“, компанијата која стои за „North Face“, „Vans“ и „Wrangler“, тесно соработуваа со оваа лондонска школа на ткаенините на иднината.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: