Новак Ѓоковиќ, ја одбрани титулата на Отвореното првенство на Австралија во тенис, откако во финалето, кое траеше три часа и 41 минута, успеа да го победи Енди Мари со 3:1 (6:7, 7:6, 6:3, 6:2). Српскиот играч, со оваа победа стана првиот тенисер кој освоил три последовни титули на Ози опен. Ѓоковиќ во Мелбурн ја освои својата шеста грен слем титула – четири на Австралија опен и по една во Вимблдон и Њујорк.
Ѓоковиќ и Мари беа целосно рамноправни во првите два сета, во кои љубоморно ги чуваа своите сервиси.
Ѓоковиќ, во првиот сет имаше пет брејк топки, не искористи ниту една, па првиот сет се решаваше во тај брејк. Мари, тука демонстрираше исклучителна ментална сила, на стартот поведе со 4:0 и потоа тај брејкот го доби со 7:2.
Падот во играта на Ѓоковиќ, во вториот сет Мари не успеа да го искористи, имаше Шкотланѓанецот, во овој период три брејк топки, кои не ги искористи, па и овој сет се решаваше во тај брејк, тука српскиот играч не му дозволи на Мари да ја развие својата игра и со 7:3 во тај брејкот израмни на 1:1.
На почетокот на третиот сет Ѓоковиќ го подигна нивото на својата игра, успеа да направи брејк во осмиот гем и со 6:3 да го добие сетот и да поведе со 2:1.
Играта на Мари се распадна по загубениот трет сет и во четвртиот воопшто не му беше конкретен на својот противник, по што Ѓоковиќ со два брејка стигна до 6:1 и конечен триумф од 3:1, со што си обезбеди место во тениската историја.
Ѓоковиќ имаше 47 винери и 61 неизнудена грешка, додека Мари во мечот имаше 29 директни поени и 53 неизнудени грешки.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: