Двајца италијански спортски лекари се соочуваат со обвинение дека се виновни за смртта на одбојкарот Вигор Боволента. Лекарите на членот на италијанската репрезентација, која во Атланта во 1996 година го освои сребрениот медал, му дозволиле да игра, иако тој имал проблеми со срцето.
Резултатите на обдукцијата покажале дека Боволента боледувал од артериосклероза и дека не смеел да се занимава со спорт.
Лекарите се соочуваат со обвинение за убиство, бидејќи му дозволила на одбојкарот да игра.
Боволента, почина на 37-годишна возраст, на 24. март минатата година како играч на Волеј Форти.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: