Додик го отфрли предлогот на Фуле за промена на Дејтонскиот договор

Претседателот на Република Српска и на владејачката Сојуз на независните социјалдемократи (СНСД) Милорад Додик, ја отфрли во неделата можноста за структурални промени на Дејтонскиот договор.Инаку идејата структуралните промени на договорот од Дејтон со поддршка на Европската унија, неодамна ја изнесе комесарот за проширување на Европската комисија, Штефан Фуле при неговата критика за властите во Република Српска кога бараше спроведување на важни реформи.

„Фуле не е задолжен за тоа и јас не се согласувам со тоа. Република Српска нема да влезе во глобални уставни промени врз основа на таа одлука или што и да е друга“, изјави Милорад Додик на прес-конференција во Бања Лука.
Додал дека за сите промени во Босна и Херцеговина требало да се договорат домашните политичари.

Претходно во својот говор во Советот на Европа, комесарот за проширување Фуле истакна дека ЕУ ќе и’ помогне на Босна и Херцеговина при решавањето на „структурните недостатоци“ во Дејтонскиот мировен договор кога Договорот за стабилизација и придружување стапи на сила. Претходно ги повика тамошните властите да се спроведат пресудите на Судот за човекови правата во Стразбур со коишто би требало да ги изедначат правата на претставниците на малцинствата за избирање на нивните претставници во власта.

Додик додаде дека пресудата на судот во Стразбур треба да се спроведе уважувајќи ги предлозите со кои се предлагаат асиметрични решенија во Република Српска и Федерацијата Босна и Херцеговина околу начинот на изборот на членовите на Претседателството на БиХ и горниот, национално конципираниот Дом на народот.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: