Претседателот Морси прогласи вонредна состојба во три покраини на Египет

Египетскиот претседател Мохамед Морси во неделата навечер прогласи 30-дневна вонредна состојба во три покраини ја Суецкиот канал, меѓу кои и во Порт Саид во кои од насилствата коишто започнаа во петокот и траат и во неделата загинаа повеќе десетици лица.

Во обраќањето до нацијата што го пренесувала египетската државна телевизија, претседателот Мохамед Морси објавувајќи ја вонредната состојба ги повика челниците на опозицијата на национален дијалог, во моментот на тешка политичка криза во земјата отежната со речиси секојдневно насилство од различни причини.

Вонредната состојба стапува на сила од полноќ по локално време во Порт Саид, Суец и Исмаилија, на период од 30 дена. Покрај тоа се воведува и ноќен полициски час кој ќе во трите покраини ќе трае од 21 до 6 часот.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: