Бугарите гласаа за нуклеарка, референдумот сепак поништен

На референдумот за или против градењето на нуклеарната централа Белене, повеќето Бугари ја поддржаа изградбата на нуклеарната централа, меѓутоа референдумот ќе виде поништен поради многу ниската излезност, покажуваат излезните анкети на два института.

Неопходен беше одѕив на гласачите од 60 плус еден избирач за референдумот да биде валиден, а според анкетите таква излезност не се очекуваше.

Според првичната процена на овие истражувачки институти, само меѓу 19.5 и 20,3 отсто од 6.9 милиони гласачи во Бугарија се изјасниле до 19 часот по локално време, кога се затворени избирачките места. За споредба, одѕивот на избирачите на последните парламентарни избори во јуни 2009 година, изнесуваше 60 отсто.

На првиот референдум во посткомунистичка Бугарија, граѓаните се изјаснуваа за продолжувањето на бугарско-рускиот проект за изградба на новата нуклеарна централа во Белене, а повеќе од 6 отсто од оние коишто се изјасниле на референдумот, го поддржале проектот, според истите извори.

Противниците на референдумот, меѓу кои е и владејачката партија ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов го стопираше договорот тврдат дека тој дополнително ќе ја зголеми енергетската зависноста на Бугарија од Русија. Изградбата на втората нуклеарна електрана е во застој поради несогласувањата помеѓу Бугарија и Русија, чија фирма „Атомстројекспорт” требаше да ја гради нуклеарката со капацитет од 2.000 мегавати. Недоразбирањата настанаа поради конечната цена на проектот, која требаше да изнесува помеѓу шест и 11 милијарди евра, според процените на владата на Борисов која, исто така, смета дека проектот е нерентабилен.

Со цел да пронајде нов инвеститор, бугарскиот премиер Бојко Борисов го раскина договорот со руската фирма, која за надомест на штета се обрати до Меѓународниот суд за арбитража во Париз и побара обештетување од 1,3 милијарди евра.

Поддржувачите на проектот Белене, опозициските социјалисти и десницата, нагласуваат дека оваа нова нуклеарна централа, покрај Козлодуј, ќе овозможи развој на нови технологии, отворање на работни места и ќе да придонес кон енергетската независност на земјата. Според нив, пак, проектот нема да чини повеќе од 5,1 милијарди евра.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: