По цигарите и наргилето забрането во Турција

Древната традиција вкоренета во турската култура, од неделата е забранета во Турција, односно повеќе на јавно место нема да се смее да се пуши на наргиле.

Оваа мерка е една од новите прописи на турската влада во борбата против пушењето. Пушењето на наргиле отсеа е забрането на јавните места, а на прекршителите на овој пропис им се заканува глоба, се вели во владината уредба објавена во службениот весник на Турција.

Во 2009 година владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган започна борба против пушењето забранувајќи го на сите јавни места, барови, ресторани, кафулиња итн. Наргилето беше забрането досега за помладите од 18 години.

Кафулињата продолжија со служење на наргилето со овошни мешавини без или со малку тутун што ја разлутуваше санитетската инспекција која проценува дека таквото пушење е опасно. Односно кога доаѓа до согорување, консуматорот вдишува отровни материи.
Експертите предупредуваат дека поради овошните ароми коишто ги испушта наргилето при користењето, нејзините поклоници забораваат дека пушат тутун, како и дека неговото користење е штетно. Имајќи предвид дека се пуши подолго од цигарата, наргилето се смета за уште поштетно.

Наргилето беше многу популарно во времето на Отоманското царство. Нејзината потрошувачка значително беше намалено од воведувањето на републиката, и од 1923 година со појавувањето на цигарите. Последните години наргилето повторно стана во мода во големите градови.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: