Шокантно: Силувано девојче со потешкотии во развојот

Ријека шокирала со веста за притворање на возачот кој злоставувал девојче со потешкотии во развојот. Возачот Бранко Ваљан бил вработен во патничката компанија „Ваљан превоз“ која редовно пренесува деца од Центарот за одгледување и образување – Ријека.

Полицијата привела 67 годишен маж кој е под сомнение дека сторил две казнени дела за полова злоупотреба на дете помало од 15 години. По истражувањето поради опасност од повторување на казнените дела му е одреден истражувачки притвор. Полицијата не открива детали за случајот поради заштита на малолетната жртва.

Случајот во полиција го пријавиле родителите на девојчето, откако им раскажало што се случило. На девојчето и нејзините родители веднаш им е пружена и помош од психолог.

„Верувам дека не постојат дела за кои се обвинува мојот клиент. Разговарав со него во затворот. Тој навистина е шокиран и мисли дека некој му подметнува нешто. Човекот едноставно не може да дојде при себе. Од ова веќе вам ви е јасно дека Ваљан апсолутно порекнува се она за кое што е ставен под сомнение. Спомнува вербален контакт со девојчето, кое со години го пренесувал од куќата до училиштето, но ништо повеќе. Сето ова тешко му падна, а никогаш претходно не бил во конфликт со Законот. А сега се наоѓа во притвор без никаква грешка. Ниту за животно, ниту логички нема место за тоа дека човекот од 67 години го направил сексуалниот чин. Станува збор за семеен човек, личност која е запознаена со широк круг на луѓе. Сигурен сум дека во понатамошната постапка ќе биде докажана неговата невиност“, изјавил адвокатот на Ваљан, Ален Ивковиќ.

Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

Можеби ќе ве интересира:

Дадилка до смрт претепала едногодишно девојче

Девојче добило срцев удар поради исмевање на Фејсбук

Пронајдете не на следниве мрежи: