Речиси 130 луѓе починаа од студ во Полска од почетокот на зимата

Шест лица починаа од хипотермија во Полска изминатиот викенд, па така од почетокот на зимата оваа бројка достигна 127 луѓе, соопшти владиниот центар за безбедност во понеделникот.

Во последните неколку седмици Полска е погодена од студен бран. Во поголемиот дел од земјата температурата се движи од минус 5 до минус 10 Целзиусови степени а во текот на ноќта опаѓа до минус 15 степени, а просечната температура за јануари изнесува минус 3,3 Целзиусови степени.

Повеќето од жртвите се бездомници. За нивно згрижување властите низ целата земја отворија 498 затоплени засолништа, каде што се дели топла храна и пијалаци.
Министерството за внатрешни работи ги повика граѓаните да не ги одминуваат лицата кои лежат на улица и за бездомниците да јават во полицијата.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: