Цената на нафта се стабилизираше во понеделникот близу највисокото ниво за последните три месеци, поттикната од оптимизмот во врска со состојбата во економијата, во очекување на состанокот на американската централна банка и на објавување на податоците од американскиот пазар за труд.
На лондонската берза цената на барел сирова нафта незначително падна на 113,08 долари, откако во петокот достига највисоко ниво за последните три месеци од 113,08 долари. На американската берза со барел нафта се тргува по цена од 95,58 долари.
Одборот на Фед за монетарна политика во среда ќе информира за резултатот од дводневниот состанок. Во меѓувреме банките порачаа дека очекуваат да ги задржат краткорочните каматни стапки на важечко, исклучително ниско ниво, со цел да продолжи поддршката за стопанството.
Инвеститорите исто така ќе го насочат вниманието кон извештајот од американскиот пазар на труд, со цел да ја прецизираат сликата за состојбата во најголемата светска економија. Во анкетата на Ројтерс, аналитичарите проценуваат дека се отворени нето 155 илјади работни места, а дека стапката на невработеност останува 7,8 отсто.
Неодамна објавените податоци покажаа дека индустриското производство во Кина и САД расте со најбрзо темпо во последните две години, додека германското деловно расположени во јануари се подобрило трет месец по ред, што ги зголеми очекувањата за раст на побарувачката за нафта.
„Нафтените пазари се поттикнати од подобрените економски изгледи и растот на цените на акциите на берзите. Сведоци сме на благ бран на добитоносни продажби по неколкунеделното високо ниво на цени, а сегашниот благ пад на цената се користи како можност за нови купувања“, вели Карстен Фрич од Commerzbank.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: