Исламистите запалиле библиотека со манускрипти во Тимбукту

Исламистичките бунтовници повлекувајќи се од Тимбукту пред налетот на француските и единиците на Мали ја запалиле тамошната библиотека во која се чуваат илјадници непроценливи манускрипти, изјави во понеделник градоначалникот на Тимбукту.

„Бунтовниците го запалија новоизградениот институт Ахмед Баба што го изградија Јужноафриканците…тоа се случи пред четири дена“, изјави телефонски за Ројтерс Хале Оусмане.

Тој рече дека информацијата ја добил од лицето задолжено за комуникации, кој еден ден претходно го обиколи подрачјето јужно од градот.
Оусмане не можеше веднаш да каже колкава е штетата на зградата. Француските и единиците на Мали во понеделник воспоставуваат контрола над градот.

Градоначалникот рече дека исламистичките бунтовници, кои го надгледуваа овој историски трговски град откако беше заземен од Туарезите за време на бунтот од 1 април, исто така ја запалиле неговата канцеларија и куќата на еден парламентарен пратеник.

Институтот Ахмед Баба, е една од неколкуте библиотеки и збирки во градот кои содржат чувствителни документи кои датираат од 13 век, наречена е по Шекспировиот современик роден во Тимбукту и во него се чуваат 20.000 манускрипти. Некои се чуваат во подземни простории.

Борците на исламистичкиот сојуз ги уништиле и старите светилишта и мавзолеи свети на умерените муслимани кои ги почитуваат суфиите.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: