Сопственикот на клубот и двајца музичари уапсени за пожарот во Бразил

Бразилската полиција во рамките на истрагата за пожарот во ноќниот клуб во кој загинаа повеќе од 230 луѓе, во понеделникот уапси еден од сопствениците на локалот, како и двајца музичари кои ноќта кон неделата настапувале во клубот, пренесува AFP.

„Уапсен е еден од сопствениците на дискотеката Елисандро Сфор, како и пејачот и уште еден член на групата“, изјавил претставник на локалната полиција. Истакнал дека приведувањата се прелиминарни и, според налогот, не важат повеќе од пет дена.

Според една од верзиите за трагедијата, причина за избувнувањето на пожарот во ноќниот клубот „Kiss” во градот Санта Марија, во кој имало повеќе од две илјади луѓе, било неправилното ракување со пиротехниката. Очевидци изјавија за локалните медиуми во текот на пиротехничката точка којашто придружувала настап на музичка група била запалена петарда, која најверојатно предизвикала ширење на огнот. Според другата верзија, се запалиле материјалите за акустична изолација, по што меѓу посетителите избувнала паника.

Сведоштва на очевидци укажуваат и дека обезбедувањето на ноќниот клуб во првите минути по избувнувањето на пожарот не овозможило пристап до единствениот излез на локалот, што предизвикало паника и стампедо.
Очевидци, исто така, изјавиле дека во текот на настапот на музичарите почнала употребата на пиротехничките средства од кои искри го предизвикале пожарот на плафонот и појава на многу отровен чад, кој за само неколку минути се проширил низ целиот клубот. Персоналот на клубот и посетителите се обиделе да го изгаснат огнот со вода и апарати за гаснење пожар, но не успеале.

Kлубот имал само еден излез, па затоа пожарникарите и спасувачките екипи за да влезат во клубот, морале да направат дупки во ѕидовите на објектот. Покрај тоа, како што изјави во неделата началникот на локалната противпожарна служба, полковникот Гвидо де Мело, лиценцата за работа на лубот истекла минатата година.

Пожарот во ноќниот клуб „Kiss“ во градот Санта Марија избувнал за време на концерт на кој учествувале најмалку илјада луѓе, а според некои информации и повеќе од две илјади, претежно студенти од локалниот универзитет. Според очевидци, за време на настапот на бендот „Gurizada Fandangueira“, еден од музичарите на користел пиротехнички средства чија искра предизвикала пожар на плафонот. Пожарот се проширил на сите простории за само неколку минути.

Во трагедијата животите ги загубија според последните податоци 233 лица. Градот Санта Марија се наоѓа 300 километри од главниот град на најјужната бразилска сојузна држава Риу Гранде до Сул, Порто Алегре.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: