Авторот на серијата од шест дела, чија прва епизода беше емитувана во понеделникот на Би Би Си 1, е британскиот муслиман Адил Реј, кој ја игра главната улога.
-Ова е ужасен стереотип, игнорирање и е престрашно, рече еден од гледачите. Во комедијата глуми ѕвездата на серијата „Моето семејство“ (Мy family) Крис Маршал, кој глуми менаџер на црква и Шобу Капоор, која ја глуми сопругата на Кан.
Серијата го исмејува Кан, кој себе се смета за многу важна личност и мисли дека има многу важна позиција во заедницата и деловниот свет.
Критичарите оценија дека оваа серија ги повторува стереотипите за британските муслимани.
„Граѓанинот Кан“ имаше одличен почеток, бидејќи го гледаа 3,6 милиони луѓе.
Новите сериии секогаш предизвикуваат различни реакции на публиката. Карактерите се комични и не се замислени како претставници на ниту една заедница, изјави портпаролот на Би Би Си.
Пронајдете не на следниве мрежи: