Данецот Микел Хансен, од страна на ИХФ е избран за најкорисен ракометар на 23-то Светско првенство, кое во неделата заврши во Шпанија.
Данска во своите редови го има и најдобриот стрелец на турнирот – Андрес Егерт кој постигна 54 голови.
Што се однесува до најдобриот тим на шампионатот според ИХФ местото во него го заслужија:
Голман: Никлас Ландин (Данска-
Лево крило: Тимур Дибиров (Русија)
Лев бек: Алберто Ентрериос (Шпанија)
Среден бек: Домагој Дувњак (Хрватска)
Десен бек: Ласло Наѓ (Унгарија)
Десни крило: Ханс Линдберг (Данска)
Пивот: Хулен Агинагалде (Шпанија)
Инаку, титулата светски првак ја освои Шпанија која во големото финале ја прегази Данска со 35:19.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: