Напаѓачот на Сампдорија, Икарди, го одбележа 22-то коло во италијанската Серија А. Икарди во победата на Сампдорија над Пескара постигна четири погодоци.По оваа натпреварувачка рунда во Калчо лигата, Наполи му се доближи на само три бода, на водечкиот Јувентус. Актуелниот првак, втор натпревар по ред, кој го одигра на домашен терен не успеа да победи.
Џенова однесе бод од Торино, домаќините се бесни на судиите, кои наводно не досудиле пенал, додека тренерот Антонио Конте не лут на играчите, за кои вели дека несериозно влегуваат во натпреварите од домашното првенство.
Наполи на „Енио Тардини“ ја победи Парма со 2:1, решавачкиот гол го постигна Кавани во 85-та минута. Македонскиот репрезентативец, Горан Пандев, на овој меч одигра 66 минути, потоа на неговото место во игра влезе Инсигне.
Од фаворитите не се прославија ниту Лацио, односно Инатер. Лацио, серијата од десет натпревари без пораз ја прекина против Киево, додека Интер одигра 2:2 против Торино.
Болоња-Рома 3:3
Катанија-Фиорентина 2:1
Аталанта-Милан 0:1
Парма-Наполи 1:2
Каљари-Палермо 1:1
Удинезе-Сиена 1:0
Сампдорија-Пескара 6:0
Интер-Торино 2:2
Лацио-Киево 0:1
Јувентус-Џенова 1:1
Табела: Јувентус 49, Наполи 46, Лацио 43, Интер 40, Милан 37, Фиорентина 36.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: