Кукан до Албанија: Кандидатски статус по усвојувањето на трите закони

Претседателот на делегацијата на Европскиот парламент за Југоисточна Европа, Едуард Кукан побара од парламентарните партии во Албанија да ги усвојат трите клучни реформски закони кои се битни за добивање на кандидатскиот статус на земјата во ЕУ.

Кукан изјави дека со усвојувањето на трите закони кои ги бара ЕУ се отвара патот Албанија да добие кандидатски статус. Тој рече дека албанските политичари многу добро знаат што тие треба да сторат за да се доближат до кандидатскиот статус.

Кукан за албанската телевизија Albanian Screen укажа дека Албанија на 23 јуни годинава треба да одржи парламентарни избори кои треба да се во согласност со потребните стандарди.

Станува збор за усвојување од страна на Собранието на три закони кои се однесуваат на Правилникот за работа на Собранието, реформи во судскиот систем и административната поделба. Законите кои треба да добијат двотретинско мнозинство одбива да ги гласа албанската опозиција предводена од страна на Социјалистите на Еди Рама.

Премиерот Сали Бериша го обвини на лидерот на опозицијата дека намерно го бојкотира донесувањето на трите закони кои ги бара ЕУ за да ги закочи реформите во земјата.
Бериша изјави дека се разгледува и можноста наведените закони кои  ги кои бара Европа да се донесат на референдум.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: