Dolce & Gabbana подготвуваат парфем за бебиња

Се вели дека мирисот на бебето е еден од најпријатните на светот, но се чини дека не сите се сложуваат со тоа. Имено, модните дизајнери Dolce & Gabbana  планираат да креираат мирис за бебиња, што ќе чини 45 долари.

Парфемот ќе содржи мирис на лимон, диња и мед, а според изјавата на производителот, инспириран е од нежните моменти и детали, како што се меката бебешка кожа и свежината на бебешкиот здив, пренесува Daily Mail.

Парфемот ќе биде креиран за бебиња од двата пола, а нема да содржи алкохол, за да не се надразни нивната кожа.

Меѓутоа, парфемот уште непроизведен предизвика контроверзи и критики на многу групи, а опишан  е како потполно непотребен, луксуз и расипништво.

„Никој не сака да го види тој парфем, повеќето родители ќе го одминат“, се вели во еден од коментарите.

За време на лансирањето на новиот производ, дизајнерот Стефан Габана рече: „Како вашите бебиња може да мирисаат уште подобро отколку до сега? “. Тој познат мирис, кој се поврзува со бебињата уште повеќе ќе биде нагласен со парфемот што го креираат Dolce & Gabbana”.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: