Референдумот за изградба на нуклеарната централа Белене што се одржа во неделата во Бугарија е прогласен за неуспешен поради недоволната излезност на граѓаните којашто изнесувала само 20 отсто од вкупното гласачко тело.За да успее референдумот, неопходен беше одѕив на гласачите од 60 плус еден избирач за референдумот да биде валиден, а според анкетите таква излезност не се очекуваше. Успешноста на референдумот кој го издејствуваа опозициските социјалисти а ја имаше поддршката и од опозициската десница, зависеше од излезноста на претходните парламентарни избори од јуни 2009 година кога гласаа 60 отсто од Бугарите со право на глас, или 4,9 милион избирачи.
„Референдумот не може да биде признаен поради малата излезност на граѓаните. Попусто трошевме пари. Ние и очекувавме нешто слично. Ова беше залуден труд“, изјави премиерот Бојко Борисов.
Бугарските избирачи одговараа во неделата на референдумското прашање „дали со изградбата на новата нуклеарна централа да го развиваме нашиот нуклеарен сектор“, по повод сопирањето на изградбата на централата Белене.Централната изборна комисија во следните три дена треба да ги објави официјалните резултати од референдумот, за кој веќе се тврди дека е неважечки поради недоволниот одѕив на гласачите, според излезните анкети кои покажуваат дека одѕивот бил меѓу 19,5 и 20,3 отсто во од вкупното гласачко тело.
Нуклеарната електрична централа требаше да ја гради руската компанија „Атомстројескпорт” со која договорот во 2008 година го потпиша тогашната социјалистичка влада. Актуелната влада на премиерот Бојко Борусов се откажа од проектот откако градењето веќе беше започнато, тврдејќи дека станува збор за прескап проект.
Изградбата на втората нуклеарна електрана е во застој поради несогласувањатa меѓу Бугарија и Русија, чија фирма „Атомстројекспорт” требаше да ја гради нуклеарката со капацитет од 2.000 мегавати, Недоразбирањата настанаа поради конечната цена на проектот, која требаше да изнесува меѓу шест и 11 милијарди евра.
Со цел да пронајде нов инвеститор, бугарскиот премиер Бојко Борисов го раскина договорот со руската фирма, која за надокнада на штета се обрати до Меѓународниот суд за арбитража во Париз и побара обештетување од 1,3 милијарди евра.
Градењето на нуклеарката го поддржуваат опозициските социјалисти и десницата, тврдејќи дека со тоа ќе се создадат нови работни места, поевтина електрична енергија и ќе придонесе за бугарската енергетска независност и според нивните процени цената нема да надмине 5,1 милијарди евра.
Во оваа зделка е забележана и активноста на американскта државана секретакра Хилари Клинтон во полза на американската компанијата „Westinhouse”, како што беше и во Чешка, и исто така во прокет во кој е влезана руската „Атомстројекспорт“
Така владата на бугарскиот премиер Бојко Борисов во март лани донесе одлука да го раскине договорот со руската државна компанија „Атомстројекспорт” за изградба на атомска централа со моќност од 2.000 мегавати во близина на градот Белене на реката Дунав под изговор дека бугарско-рускиот проект ја загрозува животната средина, како и дека е прескап и неисплатлив, односно бидејќи се очекуваше трошоци да достигнат 11 милијарди евра.
Овој потег ја разгневи Москва, којашто смета дека станува збор за притисок врз Софија за намалување на нејзината зависност од руските енергенти. Руската државна компанија „Атомстројекспорт” на 11-ти септември 2012 година објави дека го зголемува отштетното барање е зголемено на милијарда евра, во жалбата упатена до Меѓународниот арбитражен суд во Париз. Во претходното барање беше побра отштета од само 58 милиони евра, а „Атомстројекспорт” настојува да ја наплати од бугарската државна електроенергетската компанија поради договорот за изградбата на нуклеарната електрична централа во Белене.
Откако разоткривачкиот интернет ресурс WikiLeaks објави тајни документи на американскиот Стејт департмент кои укажуваат дека амбасадата на САД во Софија и американската компанија „ Westinhouse” вршеле притисок врз Бугарија за откажување од изградбата на Белене, во Бугарија се разви широка дебата, а опозициските социјалисти БСП покренаа иницијатива за собирање петиција со којашто ќе се распише референдум за изградбата на нуклеарката.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: