Седум лица загинаа во Турција за време на фудбалскиот натпревар

Најмалку седум лица загинаа во неделата навечер во југоисточниот дел на Турција при лизгање на земјиште на фудбалски терен на кој во тоа време се играл натпревар меѓу локалните аматерски тимови, пренесува AFP.

Инцидентот се случил во градот Сирнак, административен центар на истоимената покраината. Според очевидци, силните дождови предизвикале лизгање на земјиштето коешто го погодило фудбалското игралиште ткн, балон, при што се урнале потпорните ѕидови околу стадионот.

Жртви во несреќата се спортисти и гледачи, додава агенцијата. Притоа три лица се повредени, а уште едно лице се води како исчезнато.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: