Две третини од Црногорците сакаат работа во државна служба преку врски

Loading...

Две третини од Црногорците би работеле во државна служба за помала плата, отколку кај приватник за поголема плата, а дури 90 отсто за успех во животот го сметаат да имаш добри врски со влијателни луѓе.Ова го покажуваат податоците од Извештајот на канцеларијата на Програмата на Обединетите нации за развој во Подгорица.

Постојаниот претставник на UNDP во Црна Гора Растислав Врбенски при претставувањето на извештајот изјави дека повеќето од црногорските граѓани преферираат работа во државна администрација.

Загрижувачки е податокот што повеќето од Црногорците сметаат дека врските со влијателни луѓе се најважни за успех во животот и кариерата.

„Дури девет од 10 граѓани веруваат дека за успех во живото и кариерата потребни им се добри врски со луѓе на високи позиции“ вели Врбенски.

 

Макфакс

loading...
Loading...