Кралицата на Холандија, Беатрикс во понеделникот соопшти дека се повлекува од престолот во полза на нејзиниот најстар син, 45-годишниот принцот од Орански-Насау Вилем-Александер, јави Reuters.
Според соопштението на кралицата Батрикс објавено во 19 часот по македонско време во понеделникот на државната холандска телевизија, таа ќе ја предаде круната на својот син на 30-ти април.
Се очекува дека по говорот на кралицата обраќање до нацијата ќе има и холандскиот премиер Марк Руте.
Кралицата Беатрикс, којашто на 31-ви јануари ќе наполни 75 години, дојде на престолот на Холандија во 1980 година по абдикација на нејзината мајка кралицата Јулијана. Принцот Вилем-Александер дипломирал на Универзитетот во Лајден, каде што студирал историја. Во 2002 година, тој се ожени со Аргентинката Максима Сорегета, со којашто има три ќерки.
Макфакс