Тајвански милијардер основа азиска Нобелова награда

Тајвански милијардер најави во  понеделникот дека ќе ја основа наградата Танг, азиски пандан на Нобеловата награда, за придонес во истражувањата во одржливиот развој, биоинформациите, синологијата и правото.

Милијардерот Семјуел Јин ќе ја поддржи новата награда со три милијарди тајвански долари (околу 75 милиони евра) – за „поттикнување на истражувањата коишто ќе му носат полза на светот и на човештвото, промовирање на кинеската култура и подобрувањето на светот“, како што пренесуваат локалните медиуми.

Наградата Танг (Tang Prize) ќе се доделува секоја втора година почнувајќи од 2014 година. Секој добитник ќе прими чек од 50 милиони тајвански долари (1,25 милиони евра), што е повеќе отколку што добива добитникот на Нобеловата награда за мир, на пример,  која изнесува 922 илјади евра.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: