Во Нови Сад поставени плакати „Војводина Република“

Loading...

По серијата инциденти против автономијата на Војводина, во Нови Сад во понеделникот се поставени плакати на кои пишува „Војводина Република – Слобода за војводина“, којашто ги потпишува Војводинската партија.

На некои места од градот, овие жолто-сино-зелени плакати се прелепувани преку плакатите на партијата Трета Србија која се залага за укинување на Автономната Покраина Војводина, пишува агенцијата Бета.

Војводинската партија по овој повод испрати соопштение во кое наведува дека нема да дозволи да се повтори 1988 година која во Нови Сад беше организирана ткн јогурт-револуција и кога практично беше укината широката автономија на Војводина.

„Војводина никој не треба да ја учи кои се нејзиниот јазик и писмо, кој е нејзиниот главен град, кога доживеала процут, а кога падна во амбисот. Војводинската земја не е на продажба! Ќе де бориме за својот идентитет и права, со сите расположливи демократски средства, бидејќи тоа е обврска на нашата генерација“, порачуваат од Војводинската партија.

Партијата наведува дека се залага за рамноправен однос меѓу Србија и Војводина во сложена заедничка држава и за носење нов устав во кој војводина ќе биде дефинирана како република во составот на сложената држава Србија.

Војводинската партија е вонпарламентарна политичка партија основана 2005 година во Нови Сад, чија цел е остварување економски, културен и одржлив развој на Војводина. На чело на Војводинската партија е Александар Оџиќ, поранешен функционер на Лигата на социјалдемократите на Војводина (ЛСВ). Оваа партија е членка на Војводинската конвенција којашто претставува сојуз на војводинските партии и организации кои се залагаат за идејата за формирање на ткн „Сојузна Република Србија“, којашто рамноправно би ја сочинувале Србија и Војводина.

 

Макфакс

loading...
Loading...