Новите надзорни овластувања на Европската централна банка (ЕЦБ) би требало да ги опфатат сите банки на еврозоната, а не само оние најголемите и клучните за финансискиот систем.
Ова во средата го објави италијанскиот весник Il Sole 24 Oreм повикувајќи се на извор кој имал пристап до нацрт предлогот на Европската комисија (ЕК).
Комисијата за подготвителниот план треба денеска да расправа во Брисел, а неговата конечна официјална верзија ќе биде претставена во средината на септември, пишува весникот.
Предлогот сугерира Европската агенција за банки (ЕБА) да ја задржи регулаторната улога во банкарскиот сектор во целата Европска унија.
Во јуни челниците на еврозоната се обврзаа дека во рамки на процесот за воспоставување на европска банкарска унија ќе воспостават единствено надзорно тело за сите банки во зоната на примена на единствената европска валута, која би требало да биде ослонета на ЕЦБ. Таквото тело е услов за директно вбризгување на пари од европските кризни фондови.
Европа итно мора да преземе конкретни чекори во насока на воспоставување на една таква унија, изјавија во вторникот на заедничка прес конференција во Шпанија, претседателот на Европскиот совет, Херман ван Румпуј и шпанскиот премиер Маријано Рахој.
Преземено од МакФакс www.makfax.com.mk
Пронајдете не на следниве мрежи: