МЗТ во септември стартува со учество на турнири во Сараево и Ниш

МЗТ во септември стартува со учество на турнири во Сараево и НишМЗТ на 14 и 15. септември ќе учествува на Осмиот меморијалниот турнир Мирза Делибашиќ. Покрај македонскиот шампион на турнирот ќе учествуваат екипите на Босна, Сплит и Будуќност од Подгорица.

Една недела подоцна, на 21 и 22. септември, кошаркарите на МЗТ ќе бидат дел од хуманитарниот турнир во Ниш, каде уште ќе учествуваат домаќинот Константин, Партизан и Раднички од Крагуевац.

МЗТ новата сезона ќе ја започне на 29. септември во Загреб, каде во рамките на првото коло во АБА лигата ќе се сретне со Цибона.

 

Преземено од МакФакс   www.makfax.com.mk

Пронајдете не на следниве мрежи: